Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2017

Симеоне: Мал, но важен чекор за клубот

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, изјави дека неговата екипа со пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите направила мал, но важен чекор.

„Пласманот во четврт-финалето е важен чекор, но ова е само еден мал чекор за нас, за овој клуб и за ова натпреварување, кое нам ни е многу важно и посебно“, изјави Симеоне по натпреварот.
Атлетико на негов терен одигра 0-0 со Баер Леверкузен во реванш-натпреварот од осминафиналето, а пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите го избори благодарение на победата од 4-2 пред три седмици во Германија.
„Воодушевен сум, сакам да им честитам на играчите. Работите и играчите кај нас се менуваа во текот на изминатите четири години, но тие секогаш го даваат максимумот на теренот. Тоа е важен чекор, бидејќи сакаме постојано да напредуваме. Лигата на шампионите е посебна и многу е важно за клубот што се наоѓаме меѓу осумте најдобри“, додаде менаџерот на Атлетико.
„Јорганџиите“ нивниот противник во четврт-финалето ќе го дознаат по утрешната ждрепка во Нион, која е закажана во 12 часот.
„Сега размислуваме само за наредниот натпревар викендов против Севилја. Ние немаме никакво влијание врз ждрепката... Што биде нека биде“, изјави Симеоне.

Најнови вести