Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2017

Ибрахимовиќ: Да одам во Наполи? Никогаш не се знае...

Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на Манчестер јунајтед, изјави дека би можело да се врати во Серија А и да игра за четвртиот италијански тим во кариерата, овој пат за Наполи.

Ибрахимовиќ остави голема трага на Апенинскиот Полуостров како член на Јувентус, Интер и Милан, а пред крајот на кариерата има желба да проба да игра и на југот на Италија, изјави неодамна неговиот менаџер Мино Рајола.
„Трансфер во Наполи? Никогаш не се знае... Моментно ми е убаво во Јунајтед, но ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната“, изјави Ибрахимовиќ за „Фокс спорт“.
На Швеѓанецот договорот со Јунајтед му истекува на крајот на сезоната и како слободен играч може да бира нова средина, иако има опција Јунајтед да го задржи на уште една година.
Ибрахимовиќ летоска од ПСЖ направи трансфер на „Олд Трафорд и постигна 26 голови во сите натпреварувања, од кои два директно ги донесоа трофеите на Комјунити шилд и на Лига купот.

Најнови вести