Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2017

Гвардиола се откажува од Коларов, Агуеро, Компани...

Хосеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, е разочаран од екипата по поразот од Монако и поради тоа е подготвен да направи чистка во екипата.

Од самото доаѓање на „Етихад“, поранешниот тренер на Баерн не беше задоволен од екипата, а како што пренесуваат британските медиуми, ова е списокот на играчи на коишто Пеп нема да смета следната сезона:
Серхио Агуеро – Некое време го пресели на клупата, а тоа не му се допадна на Аргентинецот. Односот меѓу нив не функционира, а медиумите не се загрижени за неговата иднина бидејќи сигурно ќе има доста понуди.
Јаја Туре – Него Пеп го занемари дури и повеќе од Агуеро и од клучен играч, стана замена, а натпреварите ги следеше од клупата. Неговите вербални судири дополнително ги засилија шпекулациите дека сигурно ќе ги напушти „граѓаните“.
Гаел Клиши и Александар Коларов – Позицијата лев бек е најкритична на теренот, а Клиши и Коларов не играат на исто ниво.
Српскиот дефанзивен играч наместо на неговата природна позиција бек, во средата вечерта играше лев стопер покрај Џон Стоунс и беше директен виновник за два од трите гола на Монако во победата на „кнезовите“.
Меѓу фудбалерите кои се пред крај на договорте со Сити се: Туре, Клиши, Пабло Забалета, Вили Кабалјеро, Хесус Навас, Бакари Сања и Тосин Адарабио, додека на заем се: Џо Харт, Елијаким Мангала, Самир Насри, Вилфрид Бони и Џејсон Денајер.

Најнови вести