Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2017

Мурињо: Во недела губиме... Имаме многу непријатели

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим против Ростов и од пласманот во четврт-финалето на Лигата на Европа.

Јунајтед по ремито од 1-1 во Русија, на „Олд Трафорд“ славеше со минимален резултат.
„Се плашевме од продолженија. Ова беше тежок натпревар. Манчестер јунајтед има многу непријатели. Формално, противник беше само Ростов, но имаме многу други. Тешко е да се игра со десетмина фудбалери во понеделник, потоа во четврток, па повторно во недела“, изјави Мурињо.
Португалецот додаде дека е свесен дека многумина ќе речат дека Јунајтед мораше да постигне повеќе голови против Ростов.
„Моите играчи беа супер, но многу работи не ни одеа во корист. Веројатно во недела ќе изгубиме, а тоа ќе биде цената на заморот“, додаде менаџерот на Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ во недела, од 13 часот гостуваат кај Мидлсборо во 29-тото коло на Премиер лигата.

Најнови вести