Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2017

Шалке надополни 0-2, Мата за пласман, Рома испадна

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ајакс, Андерлехт, Лион и на Шлаке се пласираа во четврт-финалето на Лигата на Европа.

Претходно место меѓу осумте најдобри обезбедија Бешикташ, Генк и Селта.
Највозбудливо беше во Рим, каде што Рома го совлада Лион со 2-1, но не успеа да го надополни заостанувањето од првиот натпревар (2-4).
Французите поведоа во 16-тата минута со голот на Дијакаби, но Стротман само една минута подоцна изедначи.
„Волчицата“ дојде до предност со автоголот на Тусарт во 60-тата минута и навивачите на стадионот „Олимпико“ се понадеваа дека нивните миленици ќе постигнат барем уште еден гол и ќе се пласираат во четврт-финалето. За жал, и покрај иницијативите на италијанскиот тим, не се случи тоа.
Јунајтед по ремито од 1-1 во Ростов, имаше многу проблеми со рускиот тим и во реваншот на „Олд Трафорд“, а одлучувачкиот гол го постигна Хуан Мата во 70-тата минута, по асистенцијата на Златан Ибрахимовиќ.
„Црвените ѓаволи“ доминираа, топката ја поседуваа дури 78 отсто, но до последен миг беа вознемирени.
Борусија во Менхенгладбах водеше против Шалке на полувремето со 2-0 со погодоците на Кристенсен во 26-тата и на Даоуда во 45+2 и беше на чекор до пласман во следната рунда, со оглед на тоа дека првиот натпревар беше завршен без победник (1-1).
Но, гостите од Гелзеркирхен во продолжението заиграа подобро и со погодоците на Горецка во 54-тата и на Бенталеб во 68-мата минута дојдоа до изедначување и пласман во четврт-финалето.
Ајакс на арената „Амстердам“ го надополни заостанувањето од еден гол (1-2) од првиот дуел со Копенхаген и со головите на Траоре во 23-тата и н Долберг во 45+3 минута славеше со 2-0.
Андерлехт и во реваншот во Брисел го совлада АПОЕЛ со 1-0, а стрелец беше Ачемпонг во 65-тата минута.
Ждрепката за паровите во четврт-финалето на Лигата на Европа ќе се одржи денес, во 13 часот.

Најнови вести