Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2017

Анчелоти: Возбудливо; Румениге: Одлично!

Тренерот, играчите и челниците на Баерн од Минхен се радуваат на дуелот со Реал Мадрид во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Баерн и Реал досега имале 22 средби во Европа, „баварците“ водат 11-9, со гол-разлика 33-31. Но, мадриѓаните ги добија последните три средби, вклучувајќи го полуфиналето 2013/24, кога ги предводеше Карло Анчелоти, сегашниот тренер на Баерн.
„Непријатна ждрепка, но ние имаме самодоверба и сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Ќе биде возбудливо да се игра против Реал, ги познавам многу добро“, изјави Карло Анчелоти, тренерот на „баварците“.
Многу повеќе воодушевување покажа Карл-Хајнц Румениге, директорот на баварскиот клуб.
„Одлична ждрепка! Мислам дека е добро што првиот натпревар го играме на домашен терен. Се радуваме на овие натпревари“, изјави Румениге.
Не е разочаран ниту крилниот напаѓач Франк Рибери.
„Секогаш е посебно да се игра против Реал Мадрид. Им се радувам на натпреварите против шампионот на Европа“, изјави Рибери.
Првиот дуел меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е на 12-ти април во Минхен, а шест дена подоцна е реваншот во Мадрид.
Во останатите натпревари ќе се сретната Барселона со Јувентус, Атлетико Мадрид против Лестер и Борусија Дортмунд со Монако.

Најнови вести