Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2017

Коста го повреди коленото, проблем за Анчелоти и Тите

Даглас Коста, офанзивниот играч на Баерн Минхен, го повреди коленото на левата нога на вчерашниот тренинг на „баварците“, поради што ќе ги пропушти наредните натпревари во Бундеслигата и со репрезентацијата на Бразил.

Колку е сериозно повреден Бразилецот, засега не е соопштено, но се знае дека нема да игра на утрешниот натпревар против Менхенгладбах, како и во двата натпревари ( Уругвај, Парагвај) на бразилската репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија наредната седмица.
Карло Анчелоти, тренерот на Баерн, како и Тите, селекторот на Бразил, поради тоа се принудени на алтернативни решенија, додека Даглас Коста ќе остане во Баварија на дополнителни прегледи.
Коста оваа сезона на 27 натпревари во сите натпреварувања за Баерн постигна седум погодоци, а и пред повредата беше во добра форма затресувајќи ги мрежите на Ајнтрахт во Бундеслигата (3-0) и на Арсенал во Лигата на шампионите (5-1).

Најнови вести