Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2017

Иниеста: Борбата за титулата сè уште е во тек

Андрес Иниеста, фудбалерот на Барселона, изјави дека неговиот тим и понатаму има шанси за титулата по победата над Валенсија со резултат 4-2.

Каталонскиот клуб по тој триумф го намали заостанувањето во однос на водечкиот Реал на два бода, но мадриѓаните имаат натпревар помалку од бранителот на титулата.
Иниеста по дуелот со „лилјаците“, изјави дека неговиот тим одиграл одлично и дека цело време ги контролирал случувањата на теренот, иако примил два гола.
„Игравме добро, цело време го контролиравме натпреварот, а тие ги искористија своите шанси од контранападите. Одигравме одличен натпревар, се обидовме да најдеме ритам во нашата игра за да најдеме простор. Имавме многу шанси порано да постигнеме гол, но не успеавме, а и Алавес имаше многу одбрани“, изјави Иниеста.
На прашањето што мисли за голот на Андре Гомес, кому тоа му е дебитантски погодок во дресот на Барселона и тоа токму против поранешниот клуб, Иниеста изјави:
„Среќен сум кога кој било ќе постигне гол. Важно е да собираме бодови и да ги користиме шансите коишто ни се пружаат . Борбата за титулата сè уште е во тек, наша обврска е да бидеме подготвени и ако се појави шанса, да го стигнеме Реал. Мораме да се бориме за да направиме чекор напред кога ќе се случи тоа“, изјави Иниеста.

Најнови вести