Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2017

Венгер ќе остане, Санчес и Озил нема?!

Иако медиумите го поврзуваат Томас Тухел со клупата на Арсенал, тоа би можело да биде приказна за 2018 година. Чилеанецот е пред заминување, дали и Нејмар ќе си оди?

Арсен Венгер сака да остане, тоа сега веќе не е спорно. Договорот е на масата, единствено што Французинот сака да биде на една година, наместо на две.
Иако тоне на табелата,тој е решен наредната сезона да се обиде да ја нападне титулата, но вестите кои доаѓаат од клубот не се охрабрувачки.
Алексис Санчес е пред заминување. Тој го одби новиот договор и сега го чека летото.
Од друга страна, и Месут Озил би можело да го напушти клубот. Во прашање е доведена посветеноста на Германецот, кој поради болест и повреда пропушташе натпревари во последно време, а сепак отпатува на подготовки со германската репрезентација и би можело да игра во Дортмунд против Англичанецот.
Како што пишуваат англиските медиуми, Озил во последно време не е многу заинтересиран, се шпекулира дека гледа кон Шпанија, се споменува Барселона, но и италијански клубови.
Оваа сезона игра очајно и тоа е огромен проблем за тимот, па ниту во клубот не се сигурни дали е паметно да остане.
Што се однесува до Венгер, луѓето околу него забележале промена во однесувањето, повесел е, иако резултатите се лоши, велат дека така било и во 2014 година кога одлучил да остане.
Во Арсенал би можело да биде до летото 2018 година, а наредната сезона клубот да ја искористи за организациски промени, како и договор со потенцијален наследник.
Сега се споменува Томас Тухел од Дортмунд, иако и понатаму се шпекулира дека Арсенал имал договор со Алегри за ова лето.

Најнови вести