Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Дибала вратен во Италија

Лоша вест за Јувентус, напаѓачот Пауло Дибала сè уште не е доволно закрепнат.

Пауло Дибала ќе мора да паузира некое време и нема да ѝ биде на располагање на селекцијата на Аргентина во наредните два натпревари.
Тој отпатува во Аргентина на собирот на репрезентацијата, но лекарите во селекцијата виделе дека во прашање е незгодна повреда на бутниот мускул и не сакаат да го ризикуваат.
Сè уште не се знае колку долго ќе мора да паузира Дибала, а за навивачите на Јувентус, секако, најважно е да биде подготвен за дуелот со Барселона во Лигата на шампионите.
Првиот натпревар на програмата е на 11-ти април во Торино, а реваншот осум дена подоцна во Барселона.
Не треба да се заборави ниту тоа дека Јувентус го очекува жешко гостување во Неапол веднаш по репрезентативната пауза, на втори април, така што за „старата дама“ навистина е бурен наредниот месец.

Најнови вести