Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Најнголан: Дајте ми сонце и ќе дојдам во Премиер лигата

Раџа Најнголан, играчот за врска на Рома, за италијанските медиуми изјави дека за неговите услуги се заинтересирани клубови од Премиер лигата, но дека тој е среќен во тимот на „волчицата“ и дека нема намера да го напушти.

Белгискиот фудбалер изјави дека водени се разговори со Челзи, дека лично бил во контакт со Антонио Конте, менаџерот на „сините“, но дека нема да дојде до финализирање на договорот.
„Антонио Конте и јас разговаравме. Челзи сакаше да ме доведе и беа многу заинтересирани. Дајте ми сонце и јас ќе дојдам во Премиер лигата. Сега сум среќен и не знам зошто би почнувал нешто одново, од нула“, изјави Најнголан, кој за Рома оваа сезона одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, на коишто 12 пати беше стрелец.
Белгиецот има договор со римскиот клуб до 2020 година, па не му се брза од сончевиот Рим на мрачниот Остров, иако е голем почитувач на Премиер лигата.
„Постојано ја гледам Премиер лигата, многу мои соиграчи играа таму, тоа е најдобрата лига на светот. Но јас играм добро оваа сезона и моментно не сакам да правам нови животни избори“, изјави Најнголан, кој во кариерата играше уште за Калјари и Пјаченца.

Најнови вести