Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Фергусон: Треба да се фокусираме на Лигата на Европа

Сер Алекс Фергусон, легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, изјави дека „црвените ѓаволи“ оваа сезона би требало да се концентрираат на Лигата на Европа.

Јунајтед никогаш во историјата не го освоил второто по ранг европско клупско натпреварување, а доколку оваа сезона успее во тоа, ќе избори место во Лигата на шампионите.
Избраниците на Жозе Мурињо моментно се наоѓаат на петтото место во Премиер лигата, со четири бода помалку од Ливерпул, но имаат одиграно и два натпревари помалку.
Иако четвртото место на Јунајтед може да му донесе место во елитното натпреварување, Фергусон верува дека клубот што го водеше 27 години има подобра шанса тоа да го направи преку Лигата на Европа.
„Работата е таква што никогаш не сме ја освоиле Лигата на Европа. Никогаш не сме го освоиле Купот на УЕФА, како што се викаше порано. Имаме добра ждрепка, не велам дека нешто е сигурно, но имаме голема шанса. Тоа секако е европски трофеј, а ако го освоите, одите во Лигата на шампионите. Мотивот е поголем да го направите тоа“, изјави Фергусон.
Јунајтед неговата последна титула ја освои во 2012 година, кога славеше против Челзи по подоброто изведување на пеналите во финалето на Лигата на шампионите. Фергусон, кој освои два трофеи на Лигата на шампионите и еден на Купот на победниците на куповите со Јунајтед, изјави дека успехот на европскиот фронт е цикличен.
„Седумдесеттите, тоа беа Ајакс и Баерн, осумдесеттите Ливерпул, деведесеттите Италијанците, посебно Милан. Потоа Англичаните имаа добра низа, а во овој момент шпанските тимови се најдобри, затоа и освојуваат титули“, изјави Фергусон.
Јунајтед во четврт-финалето на Лигата на Европа ќе се сретне со Андерлехт, а првиот натпревар се игра на 13-ти април.

Најнови вести