Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Сити руши рекорд – 150 милиони за Донарума

Џанлуиџи Донарума, најталентираниот голман на светот, налето ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот.

Како што пишува „Скај спортс“, Манчестер сити е подготвен за него да му плати на Милан меѓу 120 и 150 милиони евра.
Донарума има само 18 години, зад себе веќе има две професионални сезони, дебитираше за тимот А на Италија и извесно е дека на голот на „аѕурите“ ќе го наследи легендарниот Џанлуиџи Буфон, па Сити сака да добие голман на подолги патеки.
Хосеп Гвардиола од доаѓањето во Сити има проблеми со чуварите на мрежата, прво Џо Харт го замени со Клаудио Браво, а бидејќи ниту Чилеанецот не се снајде најдобро, сега опција број еден е искусниот Аргентинец Вили Кабалјеро.

Најнови вести