Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2017

Бразил со двајца играчи од задниот ред за врска против Уругвај

Ниту селекторот Тите не е поддржател на „Жоге бонито“. „Кариоките“ во петок на полноќ ќе се сретнат со Уругвајците во Монтевидео.

Се знае кои единаесетмина бразилскиот селектор Тите ќе ги изведе на теренот од стартот, а првата работа која паѓа во очи е дека нема класични напаѓачи.
Изгледа дека Роберто Фирмињо ќе игра лажна деветка, иако можеби и капитенот Нејмар ќе биде најистакнат.
Филипе Кутињо ќе биде плејмејкер, ќе му помага Ренато Аугусто, а нив грбот ќе им го чуваат Паулињо и Каземиро.
Во последната линија ќе бидат: Дани Алвес, Маркињос, Миранда и Филипе Луис. На голот ќе биде Алисон.

Најнови вести