Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2017

Леман: Санчес не е голем играч

Јенс Леман, легендарниот голман на Арсенал, ги критикуваше фудбалерите на „топчиите“ Алексис Санчес и Месут Озил.

Чилеанецот е најефикасен во лондонскиот тим бидејќи оваа сезона на 38 натпревари постигна 22 погодоци и 18 асистенции, но Леман изјави дека смета дека Алексис не е голем играч.
„Се зборува за тоа дека Санчес е голем играч, но не можеш да бидеш голем ако толку се муртиш. Мораш и ментално да бидеш голем играч, а не само додека дриблаш“, изјави Леман за Санчес, за кого се шпекулира дека наредната сезона ќе го напушти лондонскиот клуб.
Слично мислење има и за германскиот репрезентативец.
„Со Озил секогаш е истото прашање – колку може да придонесе кога ќе стане тешко“, изјави поранешниот голман на Арсенал.
Фудбалерите на Арсенал и оваа сезона ќе останат без трофејот и моментно се наоѓаат на шестото место на табелата со 50 освоени бодови.

Најнови вести