Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2017

Лигата на шампионите станува затворен систем

УЕФА ги потврди промените во системот на пополнување на европското клупско натпреварување, коишто стапуваат на сила од сезоната 2018/19. Според нив, практично се затвора вратата за клубовите од помалку реномираните земји.

Клубовите од четирите најсилни лиги, Премиер лигата, Ла Лигата, Бундеслигата и Серија А ќе имаат по четири тима и сите ќе играат директно во Лигата на шампионите. Промената е дека Италијанците ќе го добијат местото коешто го изгубија пред неколку години.
Директен пласман во групната фаза ќе обезбедат уште по две првопласирани екипи од Франција и од Русија, како и шампионите на Португалија, Турција, Белгија и Украина, додека во квалификациите ќе играат вицешампионите на овие земји, како и третопласираните екипи од Лига 1 и од руската Премиер лига. Бидејќи уште од самиот старт веќе се пополнети 24 места, остануваат уште осум коишто ќе се добијат низ квалификациите, па јасно е дека Лигата на шампионите полека станува затворено натпреварување, како Евролигата во кошарка, каде што пласман сè потешко ќе имаат клубовите надвор од кругот на оние одбраните.

Најнови вести