Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2017

Мајами: Понатаму се пласираа Сепи, Робредо, Хасе, Кузњецов...

Во Мајами вчера се одиграа преостанатите дуели од првото коло, а од познатите имиња пласман понатаму обезбедија Андреас Сепи, Томи Робредо, Робин Хасе...

Сепи го надигра Молдавецот Раду Албот, во два сета по 6:4. Ветеранот Томи Робредо го исфрли Николоз Басилашвили со 2:1, во одлучувачкиот трет сет беше 6:2.
Робин Хасе го надигра Микаел Имер (2:0), Андреј Кузњецов беше подобар од Денис Истомин.
Андреј Рублев беше убедлив против Флоријан Мајер, препуштајќи му само два гема (6:1, 6:1).
На другата страна, Хорасио Забалјос прописно се намачи да стигне до победата во дуелот со Гастао Елијаш. Во третиот сет беше подобар 7:5, откако првиот го изгуби во тајбрејк.
Во наредната рунда се пласираа и Даријан Кинг, Михаил Кукушкин, кој го елиминира имењакот Јужни, Франсоа Тијафо, Диего Шварсман, Јен Хсун Лу, Адријан Манарино.
Успешни беа и тенисерите од регионот, Дамир Џумхур закажа дуел со Ник Кирјос, Борна Ќориќ по големата борба го доби Марсел Гранолјерс, па ќе игра против Доминик Тим.
Поради дожд е одложен натпреварот Долгополов – Жазири.

Најнови вести