Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2017

Формула 1: За Хамилтон првата пол-позиција во новата сезона

Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, ја освои првата пол-позиција пред Големата награда на Австралија, првата трка во новата сезона на Формула 1.

Трократниот светски шампион на Формула 1 шести пат последователно во кариерата ја обезбеди најдобрата стартна позиција на патеката „Алберт парк“, откако најбрзиот круг го извози за една минута, 22 секунди и 188 стотинки.
Друштво на Хамилтон во првиот стартен ред ќе му прави Германецот Себастијан Фетел, возачот на Ферари, додека Финецот Валтери Ботас, клупскиот колега на Британецот, го зазеде третото место.
Од четвртата позиција ќе стартува Финецот Кими Раиконен, другиот возач на Ферари, додека петтото место го зазеде Холанѓанецот Макс Ферстапен од Ред Бул, а Французинот Роман Грожан, возачот на Хас, се најде на шестата позиција.
Првите десетмина во квалификациите ги комплетираа: Бразилецот Фелипе Маса од Вилијамс, Шпанецот Карлос Саинс, помладиот од Торо Росо, неговиот клупски колега Данил Квјат и Даниел Рикијардо од Ред Бул.
Првата трка во новата сезона на Формула 1 ќе стартува утре, од 7 часот по средноевропско време.

Најнови вести