Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2017

Коста ги загрижи Шпанците и Челзи

Диего Коста, напаѓачот на шпанската репрезентација и на Челзи, мораше да го напушти вчерашниот тренинг на „црвената фурија“ откако ги повреди стапалото и глуждот.

Коста полесно се повреди два дена по натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Русија, во којшто Шпанија го совлада Израел со 4-1, а робустниот напаѓач беше стрелец на третиот гол.
Како што покажале рендгенските снимки, тој не е тешко повреден, но ќе остане под надзор на лекарот на шпанската репрезентација.
Засега останува неизвесно дали Коста ќе биде подготвен за натпреварот во Премиер лигата меѓу Челзи и Кристал палас во сабота, но најверојатно нема да игра утре во Париз, кога екипата на селекторот Хулен Лопетеги ќе гостува во Франција во пријателски натпревар.

 

Најнови вести