Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2017

Мурињо за Нејмар ја пробива границата од 200 милиони

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, е подготвен втора година по ред да го собори светскиот рекорд во висина на трансферите.

Мурињо е подготвен налето да ѝ плати на Барселона неверојатни 200 милиони евра за Нејмар, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
Како што се наведува, Јунајтед, кој минатата година му плати 105 милиони на Јувентус за Пол Погба, ќе ја активира откупната клаузула на Бразилецот, плус ќе му понуди плата од 25 милиони, девет повеќе отколку што заработува во Барселона, бројот 10 на дресот (Вејн Руни го напушта клубот) и шанса повторно да ја освои Златната топка.
Нејмар неодамна го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, но весникот наведува дека доколку навистина стигне ваква понуда од „Олд Трафорд“, никој нема да остане рамнодушен.
Во меѓувреме, Јунајтед ќе мора да исполни мал услов и да обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона, низ Премиер лигата или низ Лигата на Европа.

 

Најнови вести