Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Меси соочен со казна поради навредување на судијата

ФИФА покрена дисциплинска постапка која ќе го истражи однесувањето на Лионел Меси кон помошниот судија на натпреварот против Чиле.

Ако се докаже дека Меси го навредувал помошниот судија, минималната казна, која ќе биде изречена до крајот на работниот ден, би можела да биде суспензија за вечерашниот натпревар во квалификациите за Светското првенство против Боливија.
Челниците на аргентинскиот фудбал веќе испратиле одговор, во којшто се кажува дека нема доволно елементи коишто докажуваа дека фудбалерот на Барселона користел непристоен речник. Но, од ФИФА инсистираат Аргентинците да им достават уште информации.
„Гаучосите“ се надеваат и во извештајот за овој натпревар во којшто бразилските судии изјавиле дека не ги слушнале пцовките на Меси, но од ФИФА потсетуваат на членот 77 во којшто се наведува: „Дисциплинската комисија има право да санкционира играч и ако судиите не забележат вербална агресија.“
„Мислам дека Меси ќе игра против Боливија, не гледам доволно аргументи за санкционирање, сè е многу чудно“, изјави претседателот на еден од комитетите на АФА, Армандо Перес.
Постои опасност од суспензија и на два натпревари, па како капитен на „бело-сините“ би го пропуштил и натпреварот со Уругвај во Монтевидео на 31-ви август.
Тоа би бил тежок удар за „гаучосите“, со оглед на тоа дека ги чека голема борба до крајот на квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија.
Тие моментно се наоѓаат на третата позиција само со два бода повеќе од Чилеанците, коишто се наоѓаат на шестото место кое не води ниту во баражот.

Најнови вести