Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2017

Шпанците ги надиграа Французите во Париз

Фудбалерите на Шпанија ја совладаа Франција со 2-0 во пријателскиот натпревар на „Стад де Франс“ во париското предградие Сен Дени.

„Црвената фурија“ до победата во дербито на денот стигна со погодоците на резервниот играч Давид Силва и Жерар Деулофеу во последните 20 минути од средбата.
Водство донесе Силва, од пеналот досуден во 68-мата минута поради прекршокот на Лоран Косељни од Арсенал, а не поминаа ниту десет минути кога Алба одлично беше проигран од Деулофеу во казнениот простор за заверување на триумфот.
Шпанците ја продолжија серијата на непобедливост која трае од први септември 2016, додека Франција за прв пат е поразена од десетти јули минатата година.
Вчера до победа во пријателските средби дојдоа Швеѓаните и Италијанците, со пресвртите на гостувањата кај Португалија и кај Холандија, потоа Исланѓаните, Босанците, Грузијците, Хрватска беше понижена во Естонија, додека голеада имаше во ремито меѓу Русија и Белгија во Сочи.

Најнови вести