Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2017

Санчес најблиску до Баерн

Алексис Санчес, најдобриот фудбалер и стрелец на Арсенал, најблиску е до трансфер во Баерн од Минхен налето, тврди „Дејли мејл“.

Чилеанскиот напаѓач по завршувањето на сезоната, речиси сигурно си заминува од Лондон, незадоволен од резултатите на тимот и со желба да го нападне трофејот на Лигата на шампионите, а тоа со Баерн е многу пореално.
На трансферот инсистира Карло Анчелоти, тренерот на „баварците“, додека Арсенал е принуден да се откаже од Санчес бидејќи договорот му истекува летото 2018 година.
Санчес трета година игра во Арсенал, освои само два трофеја, во Лига купот и Комјунити шилд, но со игрите беше над сите во тимот бидејќи постигна 64 погодоци на 134 натпревари.

 

Најнови вести