Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2017

Италијанската репрезентација добива нов странец

Емерсон Палмиери, роден Бразилец и фудбалер на Рома, доби дозвола од ФИФА да настапува за репрезентацијата на Италија, пренесува „Газета дело спорт“.

Емерсон, чии предци се Италијанци, ќе биде ново засилување на „азурите“ во низата странци во последните години како што се: Тијаго Мота, Едер, Жоржињо, Франк Васкес.
Италијанците нема да застанат на нив бидејќи Гвинеецот Амаду Дијавара, играчот за врска на Наполи, е во процес за добивање тамошен пасош.
Емерсон (22) потекнува од академијата на Сантос, играше за кадетската репрезентација на Бразил, а наскоро ќе биде на списокот на Џампјеро Вентура.

Најнови вести