Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2017

Касорла ја заврши сезоната

Санти Касорла нема да може да му помогне на Арсенал до крајот на сезоната, изјави менаџерот Арсен Венгер.

Искусниот шпански фудбалер за врска се мачи со повредите на Ахиловата тетива и на глуждот и Венгер не сака да ризикува трајно оштетување.
„За жал, Санти нема да може да ни помогне до крајот на сезоната. Во договор со докторите, одлучивме дека тоа е најдобра одлука за сите“, изјави Венгер.
Францускиот стручњак во обраќањето пред натпреварот со Свонси изјави дека поради повредата на листот, веројатно нема да може да смета на Петр Чех во наредните два натпревари.

Најнови вести