Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2017

Дауд го одби Ливерпул и отиде во Дортмунд

Махмуд Дауд, играчот за врска на Менхенгладбах, на крајот на сезоната ќе направи трансфер во редовите на ривалот Борусија Дортмунд.

Дваесет и едногодишниот фудбалер договорил петгодишна соработка со Борусија од Дортмунд, која продолжи со составувањето на млад и многу талентиран тим.
„Дауд е екстремно талентиран фудбалер, го следевме неколку години. Покажа дека може да игра на врвно ниво“, изјави спортскиот директор Михаел Цорк на интернет-страницата на клубот од Дортмунд.
Германските медиуми пишуваат дека Дауд поради Дортмунд одбил значително побогата понуда од Ливерпул, со која Менхенгладбах би заработил 25 милиони евра, на што го наговорил неговиот нов тренер Томас Тухел.
Клубовите не ја објавија цената на трансферот на членот на сите помлади селекции на Германија, роден во Сирија, но се верува дека изнесува околу десет милиони евра.

Најнови вести