01.4.2017 Анчелоти: Нојер и Коста ќе бидат подготвени за Реал
Карло Анчелоти, тренерот на Баерн Минхен, пред денешниот натпревар со Аугсбург, даде изјава за повредените играчи.
„Операцијата на Мануел помина добро. Се надеваме дека ќе биде подготвен за Дортмунд следната недела, за Реал би требало да биде сигурен“, изјави Италијанецот и додаде:
„Даглас Коста денес нема да може да игра. Оваа седмица тренира индивидуално, а следната ќе ѝ се приклучи на екипата. Задоволни сме што ќе биде подготвен за Реал Мадрид“, додаде Анчелоти.
Тој изјави дека Боатенг ќе го почне натпреварот против Аугсбург.
Даде коментар и за некои шпекулирања во врска со трансфери на Кимих и Коста.
„Нема шанси Кимих да го напушти клубот, а и Коста ни е многу важен и во иднина сметаме на него, така што и тој останува“, изјави Анчелоти.