Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2017

Конте: Трката за титулата повторно интересна

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека на поразот на неговиот тим најмногу се радуваат новинарите бидејќи трката за титулата станала интересна.

„За вас медиумите ова е одличен резултат, бидејќи трката за титулата повторно станува интересна“, изјави по натпреварот менаџерот на „сините“.
Првопласираната екипа на Премиер лигата направи кикс во 29-тото коло – пред домашните навивачи беше поразена со 2-1 од Кристал палас.
„Лигата е завршена кога математички ќе се освои, во друг случај морате да се борите и да одите на победа во секој натпревар“, изјави Конте.
Челзи по втор пат е поразен на домашен терен откако Италијанецот ја презеде екипата, а два гола примија за прв пат од осми јануари, од поразот од Тотенхем.
„Во Англија не постојат лесни натпревари. Секој натпревар ќе биде тежок, отсега па до крајот, не е важно дали играме против Манчестер сити или против екипа која се бори за опстанок“, изјави Конте.

 

Најнови вести