Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2017

Гвардиола: Беше пенал!

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека е бесен што на неговиот тим не му бил досуден пенал во 92-рата минута на гостувањето кај Арсенал.

Шпанецот по ремито на „Емирати“, изјави дека топката погодила во раката на Начо Монреал, иако судиите на чело со Андре Маринер не се огласиле.
Сити два пати ја испушташе предноста против „топчиите“ и остана на петтото место во Премиер лигата со 11 бодови зад лидерот Челзи.
„По првиот гол, заборавивме да играме. Не ја сакавме топката. Арсенал го искомплицира натпреварот. Со Јаја почнавме да играме подобро. Пропуштивме многу шанси. Мораме да го промениме менталитетот“, изјави Гвардиола.
„Граѓаните“ во следното коло гостуваат токму кај „сините“ на „Стемфорд бриџ“. Од друга страна, Арсенал е шести, што е позиција која не носи пласман во Европа, а заостанува со два бода зад петтопласираниот Манчестер јунајтед.
Тимот на Арсен Венгер во наредното коло игра градско дерби со Вест хем. Натпреварите од 30-тото коло на Премиер лигата на програмата се утре и во среда.

Најнови вести