Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2017

Монако и Генгамп во полуфиналето на Купот

Фудбалерите на Монако и на Генгамп се пласираа во полуфиналето на Купот на Франција.

Монако на негов терен го совлада Лил, со двата гола на Валер Жермен, а без Радамел Фалкао и Мбапе во тимот.
Гостите и покрај исклучувањето на Карлен во 40-тата минута, го ублажија поразот со погодокот на Ел Гази во четвртата минута од судиското продолжение.
Генгамп го потцени четвртолигашкиот клуб Фрежу, но славеше на гостувањето на стадионот „Пјер де Кубертен“ со минимален резултат.
Александре Менди во петтата минута од второто полувреме го одведе прволигашот во претпоследната фаза од натпреварувањето.
Во преостанатите четврт-финални средби денес ќе се сретнат Анжер – Бордо и Авранш – ПСЖ.

Најнови вести