Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2017

Венгер: Не е лесно да се биде во првите четири

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека измачувањето на неговата екипа оваа сезона докажува дека да се заврши годината на четвртата позиција во Премиер лигата не е лесно да се оствари.

„Топчиите“ под водство на Французинот во последните 20 години секоја година успеваа да стигнат макар до четвртото место и во Лигата на шампионите.
Но, оваа сезона Арсенал моментно се наоѓа на шестата позиција со седум бодови помалку од Манчестер јунајтед, кој е на четвртото место.
„Да се заврши во првите четири екипи оваа сезона, е тежок предизвик, но и возможен. Претходните 20 години успевавме и секогаш изгледаше неважно. Одеднаш, стана многу важно, така што задоволен сум што луѓето гледаат дека не е лесно како што изгледа“, изјави Венгер.
Арсенал заостанува со два бода зад Манчестер јунајтед на петтото место, додека четвртопласираниот Сити има седум повеќе, со предност од еден натпревар.
„Топчиите“ денес го дочекуваат градскиот ривал Вест хем во натпреварот од 31-вото коло на Премиер лигата.

Најнови вести