Корисничко име Лозинка Пријави се
05.4.2017

Анчелоти по Хофенхајм: Тоа е фудбалот

Карло Анчелоти, тренерот на Баерн од Минхен, изјави дека неговиот тим не бил организиран во одбраната во натпреварот против Хофенхајм, во којшто изгуби со минимален резултат.

Со голот на Андреј Крамариќ, Хофенхајм направи големо изненадување во последното коло на Бундеслигата, бидејќи го победи лидерот на табелата.
„Можам само да му честитам на ривалот. Бевме изненадени како играа и не се организиравме добро во одбраната. Се поправивме во второто полувреме, бевме поагресивни, имавме повеќе шанси... Но работите едноставно не одеа. Така е тоа во фудбалот“, изјави Анчелоти.
Баерн настојуваше до крајот на натпреварот да го поправи впечатокот, но немаше резултат.
„Ова не требаше да го дозволиме. Првото полувреме беше толку лошо. Не бевме дисциплинирани, секогаш бевме чекор назад и тоа ни создаваше проблеми. Второто полувреме беше многу подобро, како и што требаше да биде. Бевме посветени, имавме шанси, но голот одбиваше да се случи“, изјави Арјен Робен.
Пред клубот од Минхен се големи предизвици во наредниот период, бидејќи во наредното коло ја дочекува Борусија од Дортмунд, пред да се сретне со Реал Мадрид во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Најнови вести