Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2017

Енрике: Суарес е напаѓач број еден во светот

Луис Енрике, тренерот на Барселона,изјави дека е исклучително задоволен од неговиот тим во победата над Севилја (3-0), во која сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Двапати прецизен беше Меси, а меѓу двата негови погодоци, во стрелците се запиша и Луис Суарес.
„Тоа беше полувреме од соништата, да им го наметнеме својот стил на игра. Апсолутно го контролиравме натпреварот, не само со головите, туку и со шансите коишто ги создадовме“, изјави Енрике.
„Благодарение на притисокот, брзо ја враќавме топката кога ќе ја изгубевме – тоа беше, без сомнение, едно од најдобрите полувремиња оваа сезона, особено земајќи го предвид противникот. Во второто полувреме работите беа малку поинакви поради резултатот, но цело време го контролиравме натпреварот“, додаде тренерот на Барселона.
Енрике изјави дека е посебно задоволен од Луис Суарес, кој постигна преубав гол, со ножици.
„Тој е најдобриот напаѓач на светот, ја има таа способност во секој момент да знае каде е голот“, изјави Енрике.
Барселона е втора на табелата на Примера лигата со 69 освоени бодови, со два бода помалку и со еден натпревар повеќе од Реал Мадрид.

Најнови вести