Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2017

Конте: Го победивме тимот со најдобриот тренер на светот

Антониот Конте му додели убави комплименти на неговиот колега Пеп Гвардиола по победата на неговиот Челзи над Манчестер сити со 2-1.

„Сините“ го надиграа Сити, еден од најголемите ривали во борбата за титулата, со погодоците на Еден Азар, едниот во првото полувреме и другиот со фантастична тактика во второто.
Со тоа ја задржаа предноста од седум бодови во однос на второпласираниот Тотенхем, а ја зголемија на 12 во однос на Ливерпул и дури 14 пред Сити, пред гостувањата на Борнмут и на Манчестер јунајтед.
„Многу сум изморен бидејќи преживував сè што се случуваше на теренот заедно со играчите. Многу сум задоволен од победата против силната екипа. Можеби и најсилна во Лигата, која ја предводи најдобриот тренер на светот. Сега мораме добро да се одмориме. За два дена веќе имаме нов натпревар“, изјави Конте.
Челзи го продолжи патот кон титулата со одлична игра само по неколку дена по бледото издание и неочекуваниот пораз од Кристал палас на свој терен.
„Во овој дел од сезоната огромен е притисокот врз играчите. Пред овој натпревар незаслужено изгубивме, а реакцијата на фудбалерите покажува дека сме добра екипа. Сакам да им се заблагодарам на навивачите коишто не туркаа напред. Имаме уште осум натпревари до крајот, а играчите мора да размислуваат дека сè ќе биде одлучено во последното коло“, додаде италијанскиот стручњак.

Најнови вести