Корисничко име Лозинка Пријави се
07.4.2017

Вертонген: Сонуваме за титулата, ќе ни треба и среќа

Јан Вертонген, дефанзивниот играч на Тотенхем, изјави дека неговите соиграчи и тој ќе продолжат да сонуваат за титулата, како и дека за тој потфат е потребно и малку среќа.

Тотенхем по 30 одиграни кола, заостанува со седум бодови зад првопласираниот Челзи.
„Челзи изгледа многу силно, но ние нема да престанеме да одиме напред и да сонуваме за титулата. Имаат неколку тешки натпревари пред себе“, изјави Вертонген.
„Петлите“ во средата, на гостувањето кај Свонси губеа до 88-мата минута, но со гоовите на Деле Али, Сон Хонг-Мин и на Кристијан Ериксен успеаја да останат во трката за највредниот трофеј во англискиот фудбал.
„Во последните две години покажавме за што сме способни. Секогаш ги победувавме послабите екипи на хартија, сега тоа е случај и со посилните“, изјави Вертонген и додаде дека за титулата е потребно и малку среќа.
Во наредното коло Тотенхем на неговиот стадион го дочекува Ватфорд, додека Челзи ќе игра против Борнмут.

 

Најнови вести