07.4.2017 Конте: Останувам, nе сакам кога други зборуваат во мое име!
Антонио Конте, менаџерот на Челзи, ги демантираше шпекулациите за можно враќање во Италија.
Неодамна Федерико Пасторело, менаџерот од Апенинскиот Полуостров, изјави дека Конте би можело да го напушти клубот од Лондон доколку би имал атрактивни понуди од Серија А. Наводно, за некогашниот тренер на Јувентус и на „аѕурите“ интерес покажува Интер.
„Не сакам кога други зборуваат во мое име. Пасторело е мој пријател и добро го познавам. Ако некој сака да знае нешто за мене, тогаш треба да ме праша“, изјави Конте.
„Ние се бориме за титулата и сакаме да ја оствариме целта. Тогаш заедно ќе се обидеме да направиме нешто важно“, додаде менаџерот на Челзи.
На прашањето дали и следната сезона ќе биде во Челзи, Конте одговори потврдно.
„Сините“ се лидери во Премиер лигата и на осум кола пред крајот на шампионатот имаат седум одови од Тотенхем.