Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2017

Мане ја заврши сезоната

Садио Мане, фудбалерот на Ливерпул, ќе ги пропушти последните седум натпревари во сезоната поради повреда на коленото, пренесоа британските медиуми.

Мане се повреди минатата сабота, кога во текот на натпреварот со Евертон (3-1) се судри со противничкиот играч Лејтон Бејнс.
Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека е речиси сигурен дека на Мане ќе му биде потребна операција и дека тоа ќе значи дека 24-годишниот напаѓач најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.
Мане оваа сезона беше еден од најстандардните играчи на Ливерпул, а не беше стартер само во пет првенствени натпревари. Во тие пет средби, „црвените“ два пати изгубија и три пати одиграа нерешено.
Клоп изјави дека и фудбалерот Адам Лалана е многу подобро, но дека и понатаму не тренира бидејќи сè уште закрепнува од повредата на бутот со која се здоби играјќи за репрезентацијата на Англија во март.

Најнови вести