Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2017

Одлична вест за Баерн, Левандовски подготвен

Роберт Левандовски, полскиот напаѓач на Баерн Минхен, денес нормално го одработил тренингот со остатокот на екипата.

Иако вчера се стравуваше дека ќе го пропушти дуелот со Реал Мадрид, Роберт Левандовски е подготвен за утрешниот натпревар.
Полјакот поради повредата на раменото, го пропушти вчерашниот тренинг, но денес нормално работел со остатокот на екипата и ќе го предводи нападот на „баварците“ против мадриѓаните.
Тоа значи дека сега надвор од редовите е само Матс Хумелс, бидејќи Мануел Нојер и Томас Милер исто така закрепнаа од полесните повреди.
Натпреварот меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид на програмата е утре, од 20.45 часот.

 

Најнови вести