Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2017

Ицо 18 месеци надвор од фудбалот поради вмешаност со местење

Армандо Ицо, фудбалерот на Џенова, е суспендиран на година и пол бидејќи не пријавил местење натпревари додека играл во Авелино, пренесуваат повеќе италијански медиуми.

Армандо Ицо од Џенова е казнет со првостепена одлука на Народниот италијански суд бидејќи бил во врска со мафијата преку која се нуделе пари за местење на натпреварите од Серија Б против Модена и против Реџина во сезоната 2013/14.
Фабио Пикасанте, кој игра за Калјари, исто така се нашол на обвинителната клупа, како и Валтер Таконе, Рафаеле Бјанколино, Луиџи Касталдо и Маријано Арини.
На Авелино ќе му бидат одземени три бода поради местење натпревари.
Сè уште не се знае дали Ицо, инаку повремен репрезентативец на Италија, има намера да се жали на казната која му е изречена, иако адвокатот на играчот на Џенова, Де Ренсис го соопшти следното:
„Сигурен сум дека судиите имале увид во документите кои покажуваат дека мојот клиент нема никаква врска со местењето. Армандо е чисто момче“, изјави Де Ренсис.

Најнови вести