Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2017

Зидан: Можеше да има и повеќе голови, но Нојер е како ѕид!

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека верува дека неговиот тим ќе можел да оствари и поубедлива победа на „Алијанц арената“ ако на голот на Баерн Минхен не беше фантастичниот Мануел Нојер.

Реал по пресвртот славеше со 2-1, а Нојер и покрај двата примени гола, имаше неколку одлични интервенции.
„Не е лесно да се победи овде. Многу се мачевме во првото полувреме. Со трпение и со добра игра и со одземање на топката од противникот, второто полувреме беше добро. Беше полесно да се игра против десетмина. Не требаше да судат пенал против нас, можеше да биде 2-0, имавме среќа што на полувремето беше само 1-0“, изјави тренерот на „кралевите“.
„Малку сме разочарани што не постигнавме повеќе голови, бидејќи имавме многу шанси во второто полувреме, но на нивниот гол стоеше Нојер, кој е како ѕид. Ова е позитивен резултат, но има уште многу да се игра“, изјави Зидан.

 

Најнови вести