Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2017

Мичел Антонио ја заврши сезоната во Вест хем

Мичел Антонио, офанзивниот играч на Вест хем, ја заврши сезоната бидејќи е утврдено дека неговата повреда на задниот дел на бутниот мускул бара посериозно и потрајно лечење.

Антонио оваа сезона за „чеканите“ одигра 37 натпревари, а постигна девет голови и имаше пет асистенции.
Дека 27-годишниот англиски напаѓач е посериозно повреден потврди и Славен Билиќ, менаџерот на Вест хем, кој претходно за Антонио изјавуваше дека бил добар во секој натпревар.
Хрватскиот стручњак изјави и дека во нападот на Вест хем на денешниот натпревар против Сандерленд ќе бидат Енди Керол и Џонатан Калјери.
Вест хем во минатото коло го совлада Свонси и моментно има 36 бодови од 32 кола. Тимот од Лондон е 14-ти на табелата на Премиер лигата и има осум бодови повеќе од зоната на испаѓање.

Најнови вести