Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2017

Удар за Барселона пред клучните натпревари

Поразот во Торино не е единствената лоша вест за тимот на Луис Енрике, на тој натпревар и Хавиер Маскерано доживеа повреда на листот.

Аргентинецот сигурно ќе го пропушти денешниот дуел со Реал Сосиедад во 20.45 часот, а сè уште не е сигурно дали ќе биде подготвен за реваншот со Јувентус и за Ел Класико наредниот викенд.
Барселона во период од неколку дена ја загрози целата нејзина сезона, со поразите од Малага и од Јувентус, и тешко дека ќе остане во трка за двата најважни трофеи.
Отсуството на Маскерано дополнително би можело да го отежне проблемот на Каталонците, кои денес го дочекуваат Сандерленд, па во среда Јувентус, а наредната недела одат во дуел со најголемиот ривал Реал Мадрид.
Надвор од редовите на Барселона сега се и Алеиш Видал, Арда Туран и Рафиња.

Најнови вести