Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2017

Бејл не игра против Баерн

Реал Мадрид ќе биде ослабен во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, нема да игра Герет Бејл.

Велшанецот се повреди на средината на второто полувреме на првата средба во Минхен минатата седмица, поради што не настапи ниту во Ла Лига во саботата.
Шпанските медиуми шпекулираат дека Бејл би можело да го пропушти и претстојното Ел Класико со Барселона наредната сабота.
Бејл во текот на целата сезона се мачи со повредите, одигра само 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет голови.
Велшанецот во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ во стартната постава би требало да го замени Џејмс Родригес.
Реал во првиот натпревар го совлада Баерн со 2-1, по пресвртот во второто полувреме.
Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, минатиот викенд против Спортинг ги одмараше неговите клучни играчи Кристијан Роналдо, Тони Крос и Карим Бензема.
Реал е на добар пат да ја освои првата шампионска титула на Шпанија по пет години, има три бода повеќе од најголемиот ривал Барселона и натпревар помалку пред Ел Класико.

Најнови вести