Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2017

Дибала: За среќа, подготвен сум за „Камп ноу“

Пауло Дибала, центарфорот на Јувентус, изјави дека е подготвен за реванш-натпреварот од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Барселона.

Дибала се повреди на натпреварот против Пескара минатиот викенд во Серија А и постоеше страв дека би можело да го пропушти утрешниот дуел против Барселона.
„За среќа, денес повторно тренирав со екипата. Најверојатно ќе бидам сто отсто подготвен за Барселона“, изјави Дибала за италијанските медиуми.
Јувентус во првиот натпревар од четврт-финалето ја победи Барселона во Торино со 3-0, а реваншот на програмата е во среда, од 20.45 часот на „Камп ноу“.

 

Најнови вести