Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2017

„Лисиците“ го живеат европскиот сон

Атлетико од Мадрид отпатува во Лестер на мегдан со актуелниот шампион на Премиер лигата. Мадриѓаните во првиот дуел славеа со 1-0, по контроверзниот пенал кој го погоди Антоан Гриезман.

Лестер добро се бранеше во првиот дуел и да немаше грешки од страна на судиите, веројатно дома ќе се вратеше без примен гол.
Крег Шекспир веројатно нема да менува многу тактики, ќе се обидува од контранапад со брзоногиот Варди и Оказаки да дојде до гол, а текот на натпреварот ќе одлучи како ќе се развива играта.
Лестер бара ново изненадување во Лигата на шампионите за да ги помести границите на историјата на клубот, но и нов пресврт против Шпанците, бидејќи во претходната рунда ја елиминира Севилја токму по поразот во гости.
Иако Атлетико, пред сè поради искуството во Лигата на шампионите, однапред е прогласен за фаворит, тренерот Диего Симеоне изјави дека шансите се 50:50.
„Целиот влог го дадоа на реваншот, ќе биде вистинска битка. Имаме добар резултат од Мадрид, но сите знаеме каква атмосфера прават англиските навивачи. Шансите се подеднакви“, изјави Симеоне.

Најнови вести