Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2017

Крај на сезоната за Вилшер, го скрши глуждот

По повредата со која се здоби на натпреварот со Тотенхем, Џек Вилшер по неколкуте направени прегледи и снимања, доби лоши вести – ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната.

Играчот на Арсенал на заем во Борнмут го повреди глуждот на левата нога во судирот со Хари Кејн, а според тоа што го покажуваат снимките, глуждот е скршен.
Се работи за фрактура на истата коска која ја скрши во 2015 година и поради која го пропушти поголемиот дел од минатата сезона.
Како што пренесуваат британските медиуми, Вилшер поради повредата ќе се врати во Арсенал, каде што ќе ги помине лечењето и рехабилитацијата.

Најнови вести