Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2017

Тим на сезоната во Премиер лигата: Доминација на Челзи и на Тотенхем

Здружението на професионални фудбалери на Англија во најдобриот тим на Премиер лигата во оваа сезона смести по четворица играчи на Челзи и на Тотенхем.

На голот на најдобрата постава се наоѓа Давид де Хеа, чуварот на мрежата на Манчестер јунајтед, а пред него се десниот бек на „петлите“ Кајл Волкер и левиот Дени Роуз, како и дефанзивните играчи на „петлите“ Давид Луиз и Гери Кејхил.
Средината на теренот го сочинуваат Н’голо Канте и Еден Азар, играчите од редот за врска на Челзи, Деле Али од Тотенхем и Садио Мане, крилото на Ливерпул.
Во нападот се наоѓаат Хари Кејн од Тотенхем и Ромелу Лукаку од Евертон.
Здружението на професионални фудбалери на Англија пред свечената, 44-та церемонија на доделување на признанијата за најдобри играчи, која ќе се одржи претстојната недела во Лондон, го соопшти најдобриот тим на годината.
Во изборот на најдобри играчи учествуваа клубовите од Премиер лигата, од пониските лиги на Англија, како и тимовите на женската Суперлига.

Најнови вести