Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2017

Жалбата одбиена, Нејмар ќе го пропушти Ел Класико

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја одби жалбата на Барселона и ја потврди суспензијата на Нејмар на три натпревари.

Таа одлука на Шпанската фудбалска федерација значи дека Нејмар ќе го пропушти претстојното дерби против Реал Мадрид во недела.
Нејмар суспензија на еден натпревар заработи поради исклучувањето на натпреварот против Малага, а уште на два бидејќи откако му беше покажан вториот жолт картон, иронично му аплаудираше на четвртиот судија додека го напушташе теренот.
Барселона тврдеше дека не може да се докаже дека реакцијата на Нејмар била насочена кон судијата, но Комисијата за жалби на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја одби жалбата на каталонскиот клуб и ја потврди суспензијата, пренесува порталот „Гол“.
„Екипата од „Камп ноу“ поднесе жалба и до Судот за спортска арбитража.
Натпреварот меѓу Барселона и Реал се игра во недела, од 20.45 часот во Мадрид. Кралскиот клуб моментно е прв на табелата на Примера лигата со 75 освоени бодови, односно има три бода повеќе од Барселона, но и натпревар повеќе.

Најнови вести