Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2017

Мурињо за Ибрахимовиќ: Не изгледа добро

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека не е оптимист кога е во прашање повредата на Златан Ибрахимовиќ.

На Швеѓанецот му настрада коленото во 90-тата минута од реваншот во четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт, кого Јунајтед го елиминира дури по продолженијата со 2-1.
Освен Ибрахимовиќ, на „Олд Трафорд“ синоќа се повреди и Маркос Рохо, стоперот на „црвените ѓаволи“, а колку се сериозни ситуациите, ќе се знае дури во наредните денови.
„Сакам да ги почекам анализите, но немам добро чувство, за двајцата. Се трудам да бидам оптимист, но не сум. Мислам дека не се во прашање полесни повреди, макар што сакам да ги почекам тестовите денес. Потоа ќе можам да кажам повеќе бидејќи јас сум менаџер, не сум доктор“, изјави Мурињо.
Јунајтед во недела гостува кај Барнли (15.15 часот) во 34-тото коло на Премиер лигата. Добра вест за Мурињо пред гостувањето на „Турф Мур“ е тоа што во составот ќе се врати капитенот Вејн Руни.
Руни нема играно за Јунајтед од први април, кога влезе како замена против Вест Бромич албион. Јунајтед е петти во Премиер лига со 60 бодови, со четири зад градскиот ривал Сити, кој има и натпревар повеќе.

Најнови вести