21.4.2017 Лига на шампиони: Мадридско дерби во полуфиналето
Градските ривали Реал и Атлетико Мадрид го сочинуваат првиот полуфинален пар, а Монако го доби Јувентус во второто полуфинале.
Реал ќе биде домаќин на првиот натпревар на 2 мај на „Сантијаго Бернабе“, а реваншот е на 9-ти мај на „Висенте Калдерон“.
Во второто полуфинале Монако ќе го пречека Јувентус на 3-ти мај, а во Торино ќе се игра седум дена подоцна.
Реал и Атлетико се сретнаа во две од последните три финалиња во Лигата на шампионите и двата пати подобар беше „кралскиот“ клуб. До сега седам пати се сретнале во Европа, Реал има четири, а Атлетико само една победа и досега не успеал да го победи во двомеч.
Монако еднаш успеал да го совлада Јувентус во четири досегашни меѓусебни средби, а „старата дама“ има два триумфи. Последниот дуел им беше во сезоната 2014/15 кога Јувентус помина понатаму со голот на Артуро Видал од пенал во првиот натпревар.
Во претходниот двомеч Јувентус беше подобар со вкупен резултат 6-4 во сезоната 1997/98, а победникот беше решен по првиот натпревар во Торино кој заврши 4-1. Таа сезона италијанскиот гигант во финалето беше поразен токму од Реал Мадрид со голот на Предраг Мијатовиќ.
Финалето на Лигата на шампионите е закажано за 3-ти јуни на „Милениум стадионот“ во Кардиф, а формален домаќин ќе биде победникот од дуелот меѓу Монако и Јувентус.